Дома Фудбал Италија Неверојатно признание: Наполи ме прогласи за мртов, директорот ме тепаше!

Неверојатно признание: Наполи ме прогласи за мртов, директорот ме тепаше!

Играчот на Ајнтрахт, Џонатан де Гузман го шокира фудбалскиот свет со изјавата дека лекарот на Наполи му ја уништил кариерата, дека се тепал со директорот на клубот и притоа бил прогласен за „мртов“.

Де Гузман открива дека во март 2015 година почнал да чувствува чудна болка во стомакот, а кога заминал кај клупскиот лекар Алфонсо Де Никола, му бил препорачан одмор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тогашниот тренер Рафаел Бенитез му кажал да оди на друг доктор, но клубот инсистирал тоа да биде Де Никола. Иако Де Гузан се чувстуввла лошо, докторот му кажал дека е подготвен да игра.

„Јас сум фудбалер, кој трча по 10 км на натпревар, но ако истрчам само шест, тогаш тренерот нема да ме сака во тимот. Наполи не ми веруваше дека сум повреден, можев да одам и да трчам, но не да се движам и шутирам како што сакам. Мислеа дека измислувам и дека тоа ми е само во мојата глава. Тоа беше навистина болно“, изјави Де Гузман.

После ова Наполи сакал да го продаде во Сандерленд, но Де Гузман одбил, по што следувало физичка пресметка со директорот.

„Бев во соблекувалната кога директорот почна да ме навредува и ме удри во лице. Полудев и тргнав да се пресметаме. Потоа мојот соиграч Зунига успеа да не раздели. Ми кажа да си ги соберам работите и да заминам дома“, објаснува фудбалерот.

Подоцна се обидувал да му се јави на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, а кога немало одговор, тогаш зборувал со неговиот син Едуардо.

„Едуардо ми кажа да не одам никаде и дека за нив сум мртов. Мислев дека сум целосно загубен, а фудбалерите не ми помогнаа. Сакав сам да тренирам, но каде би заминал?“, го раскажа Де Гузман хоророт низ кој поминал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…