Кристијано Роналдо постигна гол во победата на Саудиска Ал Наср против туниски Монастир (4:1) во Купот на арапските шампиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со тоа, Роналдо на 38-годишна возраст успеа да постигне гол 22-ра сезона во кариерата. Со овој гол тој стана и светски рекордер. Го постигна со глава и така се проби пред Герд Мулер.
Ова е 145-ти гол со глава за Роналдо во кариерата и со тоа стана најефикасен во овој поглед во историјата.
Легендарниот играч Карлос Сантиљана е трет со 125, а четврти Пеле со 124 гола со глава.
Португалецот на почетокот на годината се пресели од Манчестер Јунајтед во Ал Наср. Тој потпиша двегодишен договор кој му гарантира 200 милиони евра годишно.
Голот на Роналдо можете да го погледнете ТУКА