Дома Трансфер зона Неверојатна теорија на „Газета“: Јувентус е виновен затоа што Џеко се уште не е играч на Интер?

Неверојатна теорија на „Газета“: Јувентус е виновен затоа што Џеко се уште не е играч на Интер?

Во Италија се уште веруваат дека Един Џеко до крајот на преодниот рок ќе стане играч на Интер.

Изгледа дека судбината на Џеко е да заигра на „Џузепе Меаца“ односно на „Сан Сиро“, но не во дресот на клубот за кој навиваше од дете, туку во оној на големиот ривал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот напаѓач во детството навивал за Милан, а сега е пред потпис со Интер. Џеко е една од главните теми во Италија и тоа го потврдува податокот кој го објавија Италијанците – името на Џеко во италијанските весници во последните недели било напишано дури 6056 пати.

И овој ден не поминува во Италија без да се спомене Џеко, а сега во прашање е една неверојатна теорија.

„Газета дело Спорт“ смета дека Јувентус е виновен затоа што Џеко се уште не потпишал со Интер. Имено, „Газета“ верува дека постои таен договор помеѓу Рома и Јувентус за овие два клуба да го добијат тоа што го сакаат.

Како што се наведува, Марота не сака да плати 20 милиони евра за Џеко бидејќи потоа „волчицата“ ќе ја насочи таа сума за доведување на Игуаин од Јувентус со што во Торино би се ослободило место за Мауро Икарди.

Преговорите помеѓу Милан и Рома се продолжение оваа недела, Антонио Конте повторно изразил желба да го има Џеко на располагање за азиската турнеа меѓутоа конечен договор се уште нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…