Дома Фудбал Репрезентации Неверојатната приказна и кариера на најдобриот стрелец на Африканскиот Куп на Нации

Неверојатната приказна и кариера на најдобриот стрелец на Африканскиот Куп на Нации

Репрезентативецот на Екваторска Гвинеја, Емилијано Нсуе на 34 години ја освои наградата за најдобар стрелец на Африканскиот Куп на Нации.

Капитенот на Екваторска Гвинеја стана првиот играч кој постигнал хет-трик на ова натпреварување уште од 2008 година. Хет-трикот го постигна против Гвинеја Басо во второто коло од групната фаза, а уште два гола постигна во големата победа на Брегот на Слоновата Коска која подоцна и го освои турнирот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екваторска Гвинеја стигна до осминафиналето каде што Нсуе промаши пенал. Сепак, неговиоте пет гола никој не ги надмина до крајот на турнирот и заврши како прв стрелец пред Желсон Дала и Мостафа Мохамед кои постигнаа по четири.

Зад себе Нсуе има една неверојатна приказна која започнува во родната Мајорка. Тој ги помина сите младински селекции на Шпанија и ја одбил поканата од Екваторска Гвинеја во 2012 година чекајќи повик од Шпанија.

Откако не доби шанса во селекцијата на Шпанија прифати да игра за родната земја каде што е капитен и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата со 15 погодоци на 37 натпревари.

По периодот во Мајорка каде што играше од деството до 2014 година имаше позајмици во Кастелон и Реал Сосиедад. Подоцна се пресели во Англија каде што настапуваше за Миделсброу и Бирмингем Сити. Во 2018 година следуваше преселба на Кипар каде што играше за АПОЕЛ и Аполон.

Натапуваше во Европа и во 2022 година, а потоа се врати во неговата татковина во тимот на третолигашот Интерсити каде што и денес настапува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …