Дома Фудбал Неверојатен резултат: Јапонија денес победи 14:0 🎥

Неверојатен резултат: Јапонија денес победи 14:0 🎥

Репрезенацијата на Јапонија денес славеше со неверојатни 14:0 на гости кај Монголија во рамките од квалификациите.

На полувреме Јапонија водеше со 5:0, додека во вториот дел постигнаа уште девет гола. Не се откажуваа Јапонците и сакаа до врв да ја наполнат мрежата, доволен доказ за тоа е трите гола кои ги постигнаа во судиското продолжение од натпреварот.

Треба да се напомене во претходниот дуел помеѓу овие две селекции Јапонија дома славеше „само“ со 6:0, па овој резултат по малку е и изненадување. Сепак, ова не е најголемата победа во историјата на Јапонија. Нивниот најголем триумф е против Филипини во 1967 година со 15:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…