Дома Останати Кошарка Неверојатен кош на Јокиќ. Погледнете го шутот од безизлезна ситуација

Неверојатен кош на Јокиќ. Погледнете го шутот од безизлезна ситуација

Кошаркарите на Денвер како домаќини го совладаа Њујорк со резултат 113:110 во натпреварот од НБА лигата.

Српскиот центар на Нагетси Никола Јокиќ повторно блескаше остварувајќи нов „трипл-дабл“ оваа сезона, вкупно 22 до сега.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јокиќ реализираше 30 поени, 14 скокови и 11 асистенции, а поефикасен од него беше само Мајкл Портер Јуниор со 31 поен и осум скокови.

Србинот заедно со неверојатните додавања се истакна и со неверојатен кош.

При резултат 98:92 во последната четвртина од натпреварот Јокиќ го напаѓаше кошот, а во тоа се обиде да го спречи Хартенштајн.

Јокиќ во навидум безизлезна ситуација успеа да постигне кош по удар во кој топката прелета преку таблата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Не мируваат: Браќата на Јокиќ повторно направиле проблем

Страхиња и Немања Јокиќ одново се најдоа во центарот на вниманието откако предизвикаа нов …