Дома Останати Кошарка НБА: Леброн го „истури“ бесот, Кливленд конечно победи, Бостон одличен! (Видео)

НБА: Леброн го „истури“ бесот, Кливленд конечно победи, Бостон одличен! (Видео)

james

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 12 натпревари, Кливленд конечно славеше, Бостон славеше против Оклахома, Јокиќ и Милисап го предводена Денвер до победа над Мајами, Лејкерси подобри од Бруклин…

Тимот на Кливленд против Вашингтон конечно ја прекина низата од четири порази. Тие запишаа победа со резултат 130:120, а фантастичен настап имаше Леброн Џејмс кој постигна дури 57 поени, со 67% шут од игра, покрај тоа запиша уште 11 скокови и седум асистенции. На спротивната страна најефикасен беше Бил со 36 поени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличен натпревар одигра и Џејмс Харден кој со својот Хјустон славеше против Атланта. Рокетси запишаа победа со резултат 119:104. Харден уфрли 29 поени и имаше 11 асистенции. На друга страна страна најдобар беше Кент Безмор со 18 поени.

Њу Јорк Никси славеа над Феникс со резултат 120:107. Никсите до победа ги предводеше Порзингис со 37 поени, додека на другата страна Девин Бокер уфрли 34 поени.

Бостон и покрај повредата на Хејворд на самиот старт игра одлично, тие си лидери во својата конфереција, а изминатата ноќ славеа над Оклахома со резултат 94:101. Најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на Оклахома, Пол Џорџ кој оствари дабл-дабл од 25 поени, 10 скокови и една асистенци, но сепак тоа не беше доволно. Предводник на Бостон беше Кајри Ирвинг кој како Џорџ уфрли 25 поени, зад него следуваше Хорфорд со 20 поени. Расел Вестбрук постигна 19 поени, запиша 11 асистенции и оствари шест скока.

Лејкерси после поразот од Портланд сега беа подобри од Бруклин, тим со кој имаат сличен учинок. Најефикасни во тимот на Лејкерси беа Лопез со 34 поени, две асситенции и 10 скокови,  и Кузма со 21 поен, една асистенција и 13 скокови. На спротивната страна Краб постигна 25 поени, а Холис Џеферсон четири помалку.

НБА резулати:

Детроит – Милвоки 105:96

Орландо – Чикаго 83:105

Филаделфија – Индијана 121:110

Вашингтон – Кливленд 122:130

Атланта – Хјустон  104:119

Њујорк Никси – Феникс 120:107

Далас Маверикс – Њу Орлеанс 94:99

Сан Антонио – Шарлот 108:101

Денвер – Мајами 95:94

Јута – Торонто 100:109

Оклахома – Бостон 94:101

Лејкерси – Бруклин 124:112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами хит е третиот тим кој направи брејк во една…