Фудбалерите на Реал Мадрид се уште добиваат награди за успехот од минатата сезона.
Со цел дополнително да ги мотивираат фудбалерите пред новото финале во Лигата на шампионите управата на „кралевите“ одлучи да им ги подели ветените подароци – „Ролекс“ часовници.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реномираната „Марка“ пишува дека секој играч добил ист модел, „Ролекс Субермаринер“ чија вредност се проценува на скоро 25.000 евра, а под секој часовник е вграден натпис „Дудецима“.
Покрај часовниците фудбалерите добија вкупно 70 милиони евра за минатогодишниот успех односно освојувањето на Лигата на шампионите и првенството на Шпанија.
Нема сомневање дека Реал ќе знае да ги награди своите фудбалери доколку го совладаат Ливерпул во новото финале, но наградите веројатно би биле помали со оглед на слабите резултати во првенството и купот.