Дома Фудбал Германија На 19 години постигна 44 гола на 40 натпревари и малку му се: Требаше барем 10-15 повеќе

На 19 години постигна 44 гола на 40 натпревари и малку му се: Требаше барем 10-15 повеќе

Eрлинг Халанд и покрај одличната сезона сепак беше самокритичен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Норвешкото чудо од дете во сезоната 2019/20 како 19 годишник постигна 44 гола на 40 натпревари. Халанд играше одлично и во Салзбург во првата половина и во Борусија Дортмунд во вториот дел од сезоната.

Рушеше рекорди стана првиот тинејџер кој постигнал гол во пет натпревари во низа во Лигата на шампионите и само вториот тинејџер кој пистигнал 10 гола во ова натпреварување во една сезона. Со трансферот во Борусија влезе во историја како првиот играч кој во првите два натпревари постигнал пет голови, до таа бројка дојде за само 56 минути поминати на теренот.

Сепак чудесните бројки не го кренаа до „небо“ па беше и самокритичен.

„Замислете колку подобро можеше да биде. Замислете да постигнев уште 10-15 голови повеќе колку и што требаше. Погледнете наназад колку прилики промашив ќе видите дека е така“, изјави Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Страв од нерегуларности: Мундијалот сè поблиску, контроверзиите сè поголеми“

Да се потсетиме на сомнителниот пенал кој ПСЖ го доби на Паркот на Принцовите и оној што А…