Дома Трансфер зона На „Чизмата“ убедени: Лотито ќе прифати позајмица на Савиќ?

На „Чизмата“ убедени: Лотито ќе прифати позајмица на Савиќ?

Српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел да го напушти Лацио уште во јануари, пишуават италијанските медиуми.

Првиот човек на клубот, Клаудио Лотито оцени дека младиот играч чини 150 милиони евра, така да Миликовиќ-Савиќ ќе остане во Рим и покрај бројните понуди на италијанските и странските медиуми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, од почетокот на сезоната Србинот не покажува игра поради која стана еден од најпосакуваните фудбалери на пазарот. Сергеј во 18 одиграни натпревари постигна само еден гол со една асистенција. Поради што се најде на мета на навивачите, кои го сметаат за виновен за лошите резултати на клубот.

Како што пишува „Corriere dello Sport“, Лотито во овој момент не би имал ништо против од заминувањето на Сергеј. Италијанскиот весник како следен клуб на српскиот фудбалер го гледа Интер, кој минатото лето беше заинтересиран за него.

Уште еднаш се тврди дека директорот на Интер Бепе Марота е голем обожавател на Милинковиќ-Савиќ и дека во својот клуб би сакал да го види уште во јануари. Опција е дека Интер 21-годишниот играч би сакал да го доведе прво на позајмица, а потоа на летото се обиде да го откупи договорот.

Како што се наведува во текстот, Лотито е во големо искушение, бидејќи цената на Сергеј би можела значително да падне до лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…