Дома Топ вести На Суарез му се отвори голема шанса: Дортмунд го сака како замена за Алер

На Суарез му се отвори голема шанса: Дортмунд го сака како замена за Алер

Луис Суарез би можел кариерата да ја продолжи во Бундеслигата и да го облече дресот на Борусија Дортмунд.

35-годишниот напаѓач е слободен агент откако му заврши договорот со Атлетико, па иако се шпекулираше дека ќе се пресели во САД сепак може да остане во Европа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е сериозно заинтересирана да го донесе Суарез во своите редови и веќе стапила во контакт со неговиот агент.

„Милионерите“ се најдоа во големи проблеми откако вчера на Себастијан Алер му беше дијагностициран рак на тестисите, па ќе биде надвор од терените на неодредено време.

Алер требаше да биде замена за Халанд, па сега Дортмунд е во потрага по нов напаѓач и верува дека Суарез би бил идеално решени.

Суарез така ќе има можност да игра во уште еден европски гигант и да настапува во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…