Дома Фудбал Останато На Островот се уште се воодушевени од Белград: „Бобоњера“ и „Маракана“ се најбучните стадиони во светот!

На Островот се уште се воодушевени од Белград: „Бобоњера“ и „Маракана“ се најбучните стадиони во светот!

Ниту „Енфилд“, ниту „Олд Трафорд“, ниту „Стенфорд Бриџ“…„Маракана“ на Звезда ја сместија на самиот врв!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалска Европа не беше воодушевена само од фудбалерите на Црвена Звезда кои славеа победа против Ливерпул, на Островот се уште се пишува за неверојатната атмосфера која беше направена на стадионот.

Реномираниот „BBC“ состави листа од најспектакуларните стадиуни, со најголемата бучава која на противниците им влева „страв во коски“. Англичаните така стадионот во Белград
„Рајко Митиќ“ го рангираа на високото второ место, веднаш зад аргентинската „Бомноњера“ на која настапува Бока Јуниорс.

„Ливерпул е тим кој е навикнат на жешка атмосфера на натпреварите ширум Европа, но тешко дека некаде се чуствуваа онака како против Звезда во Белград. Маракана – која го доби името по легендарниот бразилски стадион е дом на српскиот шампион Црвена Звезда од 1963 година и таму се создава неверојатна бучава“, наведува „BBC“.

После „Бонбоњера“ и „Рајко Митиќ“ следуваат боливискиот „Ернандо Силес, „Турк Телеком Арената“ на Гаталасарај, „Сан Паоло“ во Неапол, „Де Кајп“ во Фејенорд и „Местаља“ во Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…