Дома Фудбал Англија На Островот се тврди: Манчестер Јунајтед на големо преговара со Зидан!

На Островот се тврди: Манчестер Јунајтед на големо преговара со Зидан!

Раководството на Манчестер Јунајтед се уште му верува на Оле Гунар Солскјер, меѓутоа на Островот се тврди дека е прашање на време кога Норвежанецот ќе си ги спакува куферите и ќе си замине.

„Црвените ѓаволи“ во последните четири кола од Премиер лигата претрпеа три порази и зад водечкиот Челзи заостануваат девет бода. Столчето на Солскјер од поодамна не е сигурно, но поранешниот ас на Јунајтед засега секогаш успеваше да се извлече.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, „Тајм“ пренесува дека во Јунајтед се обидуваат да го убедат Зинедин Зидан да ја прифати понудата и да го наследи Солскјер. Се наведува дека тоа што Роналдо и Варан со кои Зидан соработуваше во Реал се во Манчестер може да биде причина повеќе Французинот да каже „да“.

Како и да е промена пред натпреварот со Втофорд кој доаѓа по репрезентативната пауза не се очекува, но со евентуален неуспех тука би можела да заврши епизодата на Солскјер како тренер на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…