Дома Фудбал Репрезентации На Израелците вечер ќе им брани голман кој не бранел за репрезентацијата скоро три години!

На Израелците вечер ќе им брани голман кој не бранел за репрезентацијата скоро три години!

Денес во Бер Шева сениорската репрезентација на Македонија во рамките од петтото коло во европските квалификации ќе игра против Израел.

Израел пред почетокот на овој натпревар ја има улогата на фаворит, но и ние имаме на што да се надеваме. Комплетната најава и анализа за овој натпревар можете да ја прочитате – тука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа навидум нашата најголема шанса вечерва можеби ќе биде голманот на Израел. Секако, ние треба да одиграме нешто, за да им направиме проблеми пред голот каде што кога ги гледаме имињата би можела да биде нивната најслаба „алка“.

Израелските медиуми се изненадени од изборот на нивниот селектор Андреас Херцог на голот да застане Офир Марсијано. Името на овој голман не е познато за поголемиот дел од македонската јавност. Меѓутоа она што не тера да мислиме е дека тука можеби ќе имаме шансе е што овој голман не бранел за првиот тим на Израел цели две ипол години.

Марсијано последниот натпревар за Израел го одиграл на 24-ти март во 2017 година кога оваа селекција загуби од Шпанија со 1:4 во квалификациите за Светското првенство. Ако го погледнеме неговиот вкупен учинок тој има 11 настапи на кои примил 18 гола.

Ќе видиме како против нас ќе се покаже Марсијано, за нас би било убаво да не ја оправда довербата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…