Дома Македонски спорт Мак фудбал Најава и aнализа: Израел за нас е последен „воз“ за останување во игра за првите две позиции

Најава и aнализа: Израел за нас е последен „воз“ за останување во игра за првите две позиции

Македонија во четврток ќе го одигра петтиот меч од квалификациите за пласман на Европското Првенство. Гостуваме на новиот Тото Турнер стадион во Бер Шева кај Израел. Последниот пат пред две години славевме во Израел со 0:1, па зошто да не биде така и овој пат.

Дуел кој е од голема важност во квалификациите

Дуелот против Израел веројатно е најважен во овие квалификации. Со победа амбициите за пласман на ЕП ќе останат во живот. Но со пораз шансите ќе бидат само теоретски. Во тој случај ќе треба да бркаме победи на гости во Полска и Австрија, каде и бес тоа ќе мораме да освоиме некој бод. Но за победа ќе треба да бидеме многу подобри отколку со Полска и Австрија. Не дека Македонија не беше добра на мечот со Полска, но немаше завршен пас, а тоа е нешто што е најважно на зелениот терен. Натпреварот со Австрија пак и поразот од 1:4 во Скопје, не е воопшто вреден за споменување. Тоа беше најслабиот дуел под водтсво на селекторот Игор Ангеловски. Ќе биде интересно да се види како ќе одговорат македонските репрезентативци по критиките кои ги добија после тој пораз.

Една победничка серија почна во Израел, нека почне сега нова


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Победата над Летонија со 3:1 и ремито во Словенија 1:1, може да се покажат како залудни после двата скопски порази од Полска и Австрија. Но со победа во Израел колку толку ќе се вратиме во игра. Пред тие два порази, Македонија имаше 15 натпревар и само два порази. Интересно е тоа што таа рекордна низа започна од гостинската победа од 0:1 против Израел во Хаифа во минатите квалификации. Тогаш Македонија одигра рамноправен меч, но по еден одличен пас на Елмас, Пандев стрелаше прецизно за победа на Македонија од 0:1. Зошто да не се повтори тој меч и тој резултат и овој пат.

Пандев со хематом на ногата, но ќе игра од првата минута

Покрај Стефан Ристовски кој поради повреда сигурно ќе го пропушти мечот, како и Адеми кој дојде повреден, но веројатно ќе биде спремен за настап, сега проблем прави и повредата на Пандев. Хематомот кој се појави кај капитенот Горан Пандев, не е за потценувања, но лекарскиот тим смирува. Е сега прашање е колку ќе може да издржи Пандев на теренот. Без капитенот во составот Македонија нема да биде иста, а Ангеловски ќе биде на маки кој да го замени. Сепак, во составот ќе бидат фудбалери како Елмас, Барди, а се враќа и Спировски после повредата, па според тоа нема да изгледаме слабо барем според имињата.

Захави и повреден ќе игра, сака да го сруши рекордот

Австриецот на клупата на Израел, Херцог има големи проблеми со тимот. Играчот од средниот ред Бин Битон од Селтик отпадна од комбинација за двата меча на својата селекција. Без него Израел ќе биде и те како послаб во дефанзива кога во прашање е средината. Уште поголем проблем е повредата на Ерон Захави, но без разлика на тоа тој ќе настапи против Македонија.

„Захави знае дека многу ризикува, дека целата останата сезона во Кина му е под ризик, ама сака да игра. Сака да го урне рекордот, сака да се бори за националниот тим и тоа е за голем респект“, најави Херцог.

Инаку, Захави, фудбалерот на Гвангжу е најдобар стрелец во квалификациите, досега има шест гола, од кои само три против Австрија во големата победа на Израелците на домашен терен со 4:2 на стартот на квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…