Дома Видео На денешен ден, во 2009. година, Роналдо го постигна еден од најубавите голови во кариерата

На денешен ден, во 2009. година, Роналдо го постигна еден од најубавите голови во кариерата

Кристијано Роналдо во својата досегашна кариера постигна преку 700 погодоци, но еден од нив се посебно издвојува.

Роналдо за клубовите и репрезентацијата на Португалија успеа да постигне 725 погодоци, што претставува неверојатно достигнување. Но, сите се сеќаваат на голот во дресот на Јунајтед кој го постигна на денешен ден во 2009. година.

Црвените ѓаволи играа во гости против Порто во натпревар од четвртфиналето во ЛШ и победија со 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Роналдо во шестата минута, а овој гол многумина ги остави без зборови. За каква мајсторија станува збор доволно покажува фактот што ја освои наградата Пушкаш за најубав гол во 2009. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Оптимизам во Германија: „Подготвени да поминеме заедно низ огнот”

Репрезентативецот на Германија, Џонатан Тах верува дека новиот селектор Јирген Клоп уште н…