Дома Трансфер зона На Вест Хем му пропадна трансферот од 30 милиони

На Вест Хем му пропадна трансферот од 30 милиони

Готово сигурниот трансфер на Саид Бенрама од Брентфорд во Вест Хем е пред пропаѓање, бидејќи напаѓачот не ги мина лекарските прегледи, пренесуваат медиумите на Островот.

Трансферот беше договорен за 25 милиони фунти плус 5 милиони во име на бонуси, но многу веројатно нема да биде комплетиран.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Се треба да биде решено до 18 часот денес, кога завршува трансфер пазарот за англиските клубови. На Островот играчи можат да ги променат клубовите до денес, но само од една лига во друга, односно клубовите од Премиер лигата можат да купуваат играчи од подолните дивизии.

Вест Хем се надеваше да се засили со Бенрама и со согласи да плати 30 милиони фунти, меѓутоа алжирскиот репрезентативец не успеа да ги мине лекарските прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…