Дома Трансфер зона Најинфомираниот новинар за Баерн објави: Родригез на соиграчите им открил каде заминува

Најинфомираниот новинар за Баерн објави: Родригез на соиграчите им открил каде заминува

Германски „Билд“ минатата недела објави дека Хамес Родригез дефинитивно сака да го напушти Баерн Минхен ова лето, иако лидерот на Бундес лигата тоа официјално се уште не го објавил.

Колумбиецот ја завршува втората сезона на позајмица во ПСЖ од Реал, но Баерн изгледа нема да ја искористи можноста да го откупи неговиот договор за 42 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Родригез посакал да се врати во Мадрид иако затоа не посто можност, ниту желба од страна на Зинедин Зидан.

„Спорт Билд“ денес објави дека Хамес сепак ќе ја промени средината и нема да заврши во Мадрид, туку во Пари Сен Жермен.

Оваа информација има тежина затоа што доаѓа од еден од најизвестените новинари кога во прашање се случувањата во Баерн Минхен, Кристијан Фалк. Тој наведува дека Колумбиецот е опција за Томас Тухел доколку Нејмар одлучи да ја промени средината ова лето.

Истиот извор наведува дека во Париз се надеваа на астрономска понуда за Нејмар со што би им се поправила ситуацијата со финаинсискиот фер-плеј.

Истовремено се додава дека Родригез веќе им соопштил на некои свои соиграчи од Баерн дека на лето ќе премине во Пари Сен Жермен кој би бил негов втор клуб во Франција со оглед на тоа дека во минатото го носеше дресот на Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…