Дома Трансфер зона Најголемиот италијански талент призна: Навивам за Милан!

Најголемиот италијански талент призна: Навивам за Милан!

Еден од најголемите италијански таленти за кого интерес покажуваат голем број на европски гиганти, Сандро Тонали отфорено флерутваше со „росонерите“.

Тонали игра за Бреша во Серија Б, па иако има само 18 години доби повик од Роберто Манчини и се очекува наскоро да дебитира за италијанската репрезентација.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тој со неговите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, а на Апенините веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.

„Јас новиот Пирло? Можеби по стилот на игра, но мојот идол е Џенаро Гатузо, тој е мојата инспирација. Не знам каде ќе ја продолжам кариерата, но јас сум навивач на Милан“, призна Тонали.

Милан е силно заинтересиран за неговиот потпис исто како и Јувентус, Интер, Наполи и Челзи, а цената на овој тинејџер во моментов изнесува околу 20 милиони евра.

https://youtu.be/nFnc6fTtL0g

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукас Пакета може да биде летната „бомба“ од 100 милиони евра во Премиер лигата

Лукас Пакета потенцијално би можел да биде една од летните бомби во Премиер лигата. Бројни…