Според италијанските медиуми, претседателот на Интер, Ерик Тохир би можел да го напушти клубот во октомври оваа година.
Тохир е претседател на клубот пет години и тој се уште поседува 30’% од клубот. Како што пренесува „Тутоспорт Тохир сака да го продаде својот дел во вистински момент, а тој смета дека тоа е октомври кога ќе биде одржан состанок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Причината поради кој тој сака да го продаде својот дел е Лигата на шампиони. Клубот конечно се избори за настап во најелитното европско натпреварување, па тој смета дека сега би заработил повеќе пари.
Нов претседател на Интер во тој случај би можел да стане синот на Жанг, Стивен, но „Тутоспорт“ не ја отфрла можноста на претседателската функција да седне легендарниот – Хавиер Занети!
Занети е вистинска легенда на Интер, во овој клуб помина цели 19 сезони, а навивачите сигурно би биле воодушевени доколку го видат Аргентинецот во таква улога.