Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Перу – ФИФА драстично им ги намали шансите со суспензијата на најдобриот

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Перу – ФИФА драстично им ги намали шансите со суспензијата на најдобриот

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Моментално сме во групата Ц и ќе ви ја претставиме последната селекција од оваа група – ПЕРУ!

ПЕРУ

Перу на Мундијалот ќе игра во група со Франција, Данска и Австралија. Во ваква конкуренција можеме да кажеме дека имаат каква-такви шанси да се надеваат на изненадување и пласман во следната фаза. Секако Франција е апсолутен фаворит за првата позиција, потоа следи Данска, додека Австралија и Перу ќе се надеваат на некое изненадување, но тоа е само на хартија ќе видиме како ќе се одвиваат работите во Русија.

Перуанците Мундијалот го стартуваат со натпревар против Данска кој за нив можеби ќе биде и најважен, во случај на победа на оваа средба драстично би си ги зголемиле шансите за пласман во нокаут фазата. Овој натпревар се игра на 16 јуни. Потоа ги очекува средба против Франција на 21 јуни и за крај на групната фаза ќе играат против селекцијата на Австралија.

Оваа репрезентација во својата историја до сега забележила четири настапи на светските првенства, а во овој момент се наоѓаат за нив одличната 11 позиција на ФИФА ранг листата.

Квалификациите на Мундијалот Перу ги заврши како шести во групата, а таа позиција го одведе во бараж натпреварот каде што се сретна против Нов Зеланд. Првиот натпревар заврши без победник 0:0, додека на домашен терен Перу славеше со 2:0 и си го обезбеди пласманот помеѓу најдобите 32 репрезентации.

Најголем проблем за селекторот на Перу, Рикардо Гарека е што најверојатно нема да може да смета на капитенот Пабло Гуереро кој е под суспензија од ФИФА. Секако кога Гуереро не би бил под суспензија сигурно би добил место помеѓу патниците.

Гарека се уште не го објавил списокот на фудбалери, па според нас ова е составот кој би можел да патува во Русија.

Голмани: Каседа, Педро Каласе, Хозе Карваљо

Одбрана: Адвинкула, Рамос, Сантамариа, Трауко, Алберто Родригез, Мигел Аруако, Луис Абрам, Нилсон Лојола

Среден ред: Карлио, Тапиа, Флорес, Куева, Јошимар Јутун, Енди Поло, Серхио Пена, Вилдер Картагена, Хуртадо

Напад: Рудуаз, Фарфан, Ендри Карлио

Перу на Мундијалот ќе настапи во гарнитура дизајнирана од „Умбро“ и мора да се признае дека дресот изгледа одлично.

Обложувалницата Couinbet24 веќе ги има коефициентите за сите натпревари од групната фаза.

Првиот натпревар Перу го игра против Данска. Коефициентот во Coinbet24 за победа изнесува 3.80 за реми 3.20 додека за победа на Данска коефициентот е 2.10.

Перу е аутсајдер против Франција. Коефициентот во Coinbet24 за победа изнесува 9.70 за реми 4.80 додека за победа на триколорите коефициентот е 1.35.

Перу е фаворит на дуелот со Австралија. Коефициентот во Coinbet24 за победа изнесува 2.28 за реми 3.30 додека за победа на „кенгурите“ коефициентот е 3.20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …