Македонија по само неколку дена ќе одигра втор пријателски натпревар на подготовките во Анталија. По ремито 0:0 со Финска, сега на ред е дуел со Азербејџан кој ни е стар познаник, но и редовен “пациент”.
Успешната серија трае и трае
Одличната мината година за нашата репрезентација продолжи пред неколку дена со ремито против Финска 0:0. Македонија во 2017 година играше одлично. Серијата која ја има македонската репрезентација е една од најубавите во историјата, 11 меча во кои забележа 5 победи, 5 нерешени средби и само еден пораз и тоа од моќната Шпанија. Освен со Шпанија, Македонија беше аутсајдер и на останатите натпревари освен на првиот и предпоследниот меч против Лихтенштајн против кого на два пати славеше. По првиот меч со Лихтеншатјн следеа два пријателски меча и две одлични изданија, победа над Белорусија со 3:0 и реми со Турција ( двата меча се одиграа во Скопје ). По тие пријателски мечеви дојде и поразот од Шпанија со 1:2. На ред дојде Израел и победата во Тел Авив со 0:1, како и ремито против Албанија во Струмица 1:1. Следуваше наградата за одличната година, односно ремито и бодот во Торино кај гигантот Италија. Минатата година ја заокруживме со одлична победа од 2:0 против Норвешка во пријателски меч во Скопје. Годинава пак ја почнавме пред неколку дена со резултат 0:0 против Финска во Анталија.
Пред неколку дена Македонија одигра ниту добро, ниту лошо
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонија против Финска не одигра слабо, но не одигра ни добро. Само една 100% шанса имаше Македонија во текот на сите 90 минути. Ако ги погледнеме шансите на Финска која имаше исто така една шанса и една полушанса, тогаш нерешениот резултат е реален. Сепак Ангеловски не смее да се надева дека со таква игра Македонија може да напредува. Средниот ред и одбраната функционираа добро, но нападот беше очаен. Едноставно, македонските напаѓачи како да не постоеја на теренот. Средниот ред играше бес грешка, го имаше посетот на топката и го диктираше темпото и тоа е добро, но мора да се има последен пас, затоа што така се создаваат шанси за гол.
Азербејџан е стандарден “пациент” на Македонија
Македонија и Азербејџан досега имаат одигро 5 натпревари. Македонија нема пораз против оваа репрезентација, а има 4 победи и едно реми. Во квалификациите за пласман на Светското Првенство во 2002 година Македонија дома славеше со 3:0, а на гости одигра 1:1. Потоа следеа три пријателски натпревари и три победи за Македонија. Прво на гости славевме со 1:3 во 2010 година. Потоа со голот на Пандев во 2011 година славевме со 0:1. Последен пат против Азербејџан игравме во Мај 2016 година на дебито на Посинечки за Азербејџан и победивме со 3:1. И тогаш селектор на Македонија беше Игор Ангеловски, а головите за Македонија ги постигнаа Радевски, Пандев и Несторовски кои и сега се во репрезентацијата.
Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk