Дома Топ вести Најава за ГОЛЕМА зимска трка: Четири европски ГИГАНТИ тргнуваат по потписот на овој Бразилец!

Најава за ГОЛЕМА зимска трка: Четири европски ГИГАНТИ тргнуваат по потписот на овој Бразилец!

Неколку европски гиганти го следат фудбалерот по име Лукас Лима, се работи за офанзивен играч за врска кој во последните три години настапува за тимот на Сантос.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претходно овој фудбалер го носеше дресот на Интер Де Лимеира и Интернационал во Бразил, а интересно е и што запиша 14 натпревари за репрезентацијата на Бразил за која постигна и два погодоци.

„Десетката“ на Сантос не сака да го продолжи договорот со славниот бразилски тим, а најголем интерес до овој момент покажаа Интер, Манчестер Јунајтед и Барселона, но се „срамежливо“ се споменува и името на Рома.

„Неговиот договор со Сантос истекува на 31 декември, а заинтересирани клубови има многу. Мислам дека одлично би се снашол во Серија А, но не сум сигурен каква намера има Сантос. Фенербахче ова лето испрати понуда од 20 милиони евра, а Кристал Палас од 15, двете понуди беа одбиени. Во овој момент го следат Интер, Рома, Барселона и Манчестер Јунајтед“, изјави Лукас Бадиа, менаџерот на Лима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…