Екипата на Барселона сигурно чекори кон титулата шампион во Шпанија, а со оглед на тоа дека се финалисти во шпанскиот куп и се уште се дел од Лигата на шампионите, Каталонците можат да се надеваат на тројна круна.
Тимот на Ернесто Валверде игра навистина одлично. Тешко е да се пронајде натпревар на кој целосно потфрлија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа мирот во тимот во текот на вчерашниот ден беше прекинат со антидопинг контролата. Дури деветмина фудбалери на Каталонците биле тестирани пред натпреварот против Малга кој Барселона го игра овој викенд во Ла Лига.
Серхио Бускест, Паулињо, Жорди Алба, Лукас Диње, Жерар Пике, Андре Гомеш, Тер Штеген, Томас Вермален и Андрес Иниеста биле фудбалерите на кои им бил земен примерок од урина и крв, а резултатите наскоро ќе бидат познати.
Натпреварот помеѓу Малага и Барселона се игра утре со почеток во 20:45 часот.