Наполи сезонава игра одличен фудбал и сосема заслужено тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред освојување на титулата шампион на Италија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во Наполи веќе не размислуваат дали, туку кога ќе го прослават Скудетото. Никој досега во Италија не го освоил Скудетото пред последните пет кола, а Наполи има шанса тоа да го направи на шест или седум кола до крајот.
Навивачите најмногу посакуваат шампиони да станат на 23-ти април кога клубот од Неапол ќе му гостуваат на Јувентус на „Алијанц Арената“.
Причината за ваквата желба е јасна – ривалството помеѓу двата клуба е огромно и во Неапол постои огромна омраза кон „старата дама“.