Најголемиот конкурент на Јувентус во Серија А, тимот на Наполи сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Наполи има две трансфер цели, а станува збор за Ирвинг Лозано од ПСВ и италијанскиот репрезентативец Николо Барела од Каљари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Цената на крилниот напаѓач на ПСВ изнесува 40 милиони евра, додека Каљари за својот „бисер“ бара најмалку 45 милиони евра.
Лозано одигра одлично на Светското првенство, а оваа сезона веќе постигна 11 гола и 7 асистенции во Холандија.
Барела пак е новата ѕвезда на италијанскиот фудбал и важи за еден од најголемите таленти на Апенините.
Доколку не успеат да ги донесат двајцата фудбалери во јануари, Наполи ќе се обиде да ги комплетира трансферите на лето.
https://youtu.be/J1SZjIMKwG4