Дома Трансфер зона Наполи почна преговори со Челзи за Емерсон Палмери

Наполи почна преговори со Челзи за Емерсон Палмери

Наполи започнал преговори со Челзи за трансфер на левиот бек Емерсон Палмери, пренесува „Газета дело Спорт“.

Палмери не добива голема минутажа и Челзи е спремен да го продаде ова лето за 20 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец е голема желба на тренерот Спалети, а и самиот Палмери дал согласност за трансферот.

Офанзивниот бек не е дел од плановите на актуелниот менаџер на „сините“, Томас Тухел, и затоа ќе му биде дозволено да си замине од „Стемфорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок.

Меѓутоа, Наполи нема лесно да дојде до потписот бидејќи сака преку преговори да ја намали сумата која ја бара Челзи во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн спремаат тренерска трампа

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен може  да направат смена на тренерите Ерик тен Хаг и Тома…