Дома Фудбал Наполи не се откажува и понатаму ќе се жали за натпреварот со Јувентус

Наполи не се откажува и понатаму ќе се жали за натпреварот со Јувентус

Oчекувано во Наполи не се задоволни од пресудата на Фудбалскиот сојуз на Италија кој ја одби нивната жалба за натпреварот од третото коло во Серија А против Јувентус. Тој натпревар беше регистриран со службени 3:0 за Јувентус.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис најавува дека нема да се откаже и ќе се жали во повисоки институции.

„Клубот не се согласува со пресудата во која лесно е отфрлена целата документација. Наполи секогаш застапуваше вредности и правда на спортскиот дух, така е и во овој случај. Сега прво ќе одиме на Спортскиот суд, а потоа ќе се жалиме и во повисоките инситуции“, стои во соопштението од Наполи.

Ќе потсетиме, Наполи не се појави во натпреварот од третото коло против Јувентус Торино. Клубот тврди дека не биле во можност да допатуваат поради забраната од властите во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

51 исклучување во Бразил: По голот полетаа столови и медицински носилки!

Младинското полуфинале меѓу Уберландија и Маморе заврши со масовна тепачка, полициска инте…