Дома Трансфер зона Наполи му ја отвори излезната врата на Инсиње

Наполи му ја отвори излезната врата на Инсиње

Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње би можел да ја промени средината ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инсиње одигра одлична сезона и игра добро на Европското првенство, но преговорите за продолжување на соработката со Наполи не одат во добра насока.

„Инсиње поникна во овој клуб, но ако му се здодеа во Наполи и сака да си оди, тоа е негов избор“, изјави претседателот Де Лаурентис.

Инсиње ја одби првата понуда на Наполи за продолжување на договорот, па многу веројатно дека ова лето ќе биде продаден.

Најсилен интерес за Италијанецот покажува Тотенхем, чиј спортски директор Фабио Паратичи веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…