Дома Трансфер зона Наполи го дава Милик на попуст, само да не игра во Италија

Наполи го дава Милик на попуст, само да не игра во Италија

Наполи прави се што е возможно за напаѓчот Аркадиус Милик да не заврши во некој од конкурентските тимови во Италија.

Милик има уште една година од договорот, па ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а силен интерес за неговиот потпис покажува Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја одбил понудата на Јувентус, затоа што не сака да го зајакне конкурентот. Поради тоа Наполи е спремен да понуди попуст на клубовите од Премиер лигата, само напаѓачот да не заврши во друг италијански клуб.

Беше објавено дека за напаѓачот се заинтересирани Челзи, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Во тековната сезона, Милик има одиграно 22 натпревари во сите натпреварувња, на кои постигна 12 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…