Дома Фудбал Англија Напаѓач го обвини Ливерпул за психичко малтретирање

Напаѓач го обвини Ливерпул за психичко малтретирање

Европскиот шампион Ливерпул е обвинет за психичко малтретирање врз 18-годишниот напаѓач на клубот Боби Данкан.

Боби Данкан беше на чекор од трансфер во Фиорентина, но Ливерпул во последен момент го стопира трансферот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Вчера „црвените“ ја одбија и втората понуда на Фиорентина за позајмица, а играчот поради тоа тврди дека му е нарушено психичкото здравје.

Претставнивите на младиот Боби Данкан тврдат дека играчот е под стрес и дека поради тоа не излегол од дома веќе четири дена.

Адвокатите на 18-годишниот фудбалер тврдат дека тој нема да се врати во клубот се додека не му биде обезбедено заминување од Ливерпул.

Во обвинението посебно се акцентира лошата комуникација со спортскиот директор Мајкл Едвардсон кој го кочи неговиот трансфер.

Данкан има понуди од Фиорентина и Нордсјеланд и сака по секоја цена да го напушти Ливерпул, па го обвини клубот за психичко малтретирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ ќе го игра четвртфиналето на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да постигнува добри резултати на Вимблдон, па во п…