Дома Останати Тенис Наоми Осака изгуби на УС Опен, па – најави крај на кариерата!?

Наоми Осака изгуби на УС Опен, па – најави крај на кариерата!?

Mинатогодишната освојувачка на УС Опен, Наоми Осака го заврши настапот откако беше елиминирана од 18-годишната канадска тенисерка Лајла Фернандез. По поразот неочекувано најави крај на кариерата.

Јапонката одигра солидно, имаше 37 директни поени, од кои 15 со ас-удари, но тоа не беше доволно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кога победувам не сум среќна, само чувствувам олеснување, а кога губам сум тажна. Мислам дека сето ова не е нормално. Се наоѓам во период од животот во кој морам да решам што сакам да правам. Искрено, не знам кога повторно ќе играм тенис. Ќе земам подолга пауза“, изјави Осака.

Ќе потсетиме, Осака имаше проблеми со депресијата пред „Ролан Гарос“ поради тоа порача дека нема се појавува на официјалните прес-конференции, па доби казна и се повлече од турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…