Дома Останати Тенис Надал по освоениот Ролан Гарос: Без вас ќе се пензионирав многу порано!

Надал по освоениот Ролан Гарос: Без вас ќе се пензионирав многу порано!

Надал успеа да дојде до својот 22. гренслем трофеј, го освои новиот Ролан Гарос, финалето пред полуфиналето го играше против Новак Ѓоковиќ, а после таа победа немаше големи проблеми да дојде до трофејот.

„Работите што ми се случуваат оваа година се сосема неверојатни, ова немаше да биде возможно без вас, особено во моментите кога бев повреден, без вас ќе се пензионирав многу, многу порано. Без никаква дилема и за многумина љубители на тенисот ова е најдобриот турнир во светот, благодарение на собирачите на топки, организаторите, сите што работат зад сцената. Тука се чувствувам како дома“, истакнува Надал.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој е бескрајно благодарен затоа што и на 36 години освојува гренслемови.

„Многу ми е тешко да ги опишам моите чувства. Тоа е нешто со кое не верував дека ќе можам да го правам на 36 години, дека повторно ќе играм на најважниот турнир, ми треба многу енергија за да продолжам на ова ниво. Тоа е неверојатно за мене што играм овде, благодарам Париз“, изјави Надал.

Не знам што ќе се случи во иднина, но ќе се борам и ќе се обидам да продолжам“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…