Поранешниот претседател на антидопинг агенцијата на Франција, Жан-Пјер Верди изнесе скандалозни обвинувања кон Рафаел Надал.
Шпанецот секако важи за еден од најдобрите тенисери во историјата, посебно негов терен е Ролан Гарос каде што 13 пати стигнуваше до пехарот. Според зборовите на Верди, Надал никогаш не паднал на допинг, но правел проблем кога требало да се тестира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секое тестирање на Надал беше како да си направил злосторство кон човештвото. Единствено во 2009 година ни беше дозволено да го тестираме иако и тогаш имаше непријатности. Тони Надал беснееше по нас“, зборува Верди.
Медиумите кои ја пренесуваа оваа изјава на Верди потсетуваат и на 2016 година. Тогаш хакерска група дојде до официјални податоци за тоа дека Надал користел сомнителни супстанци. Обвинувања кон Надал за допинг имаше и во 2013 година од страна на француската министерка за спорт Росалина Башело.