Француското чудо од дете, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе е прогласен за најдобар млад фудбалер во светот.
Наградата „Голден Бој“ дефинитивно си оди во вистинските раце. Мбапе во Монако имаше сезона од соништата и затоа пристигна наградата. Ја освои титулата во Франција со Монако и играше полуфинале во ЛШ, каде што неговиот тим беше поразен од Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа награда му ја додели италијанскиот „Tuttosport“, кој традиционално во ова време го бира најдобриот играч во светот до 21 година. Славеше со 291 глас од целиот свет, а зад себе го остави Осман Дембеле од Барселона/Борусија Дортмунд и играчот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
Пред Мбапе оваа награда ја освојуваа Ренато Санчез, Ентони Марсијал, Рахим Стерлинг, Пол Погба, Иско, Марио Геце, Марио Балотели, Александре Пато, Андерсон, Серхио Агуеро, Цеск Фабрегас, Лионел Меси, Вејн Руни и Рафаел ван дер Варт.