Ситуацијата во и околу германската репрезентација е лоша. Го сменија селекторот, се очекува да дебитира Јулијан Нагелсман, а еден од најважните играчи сега направи проблем и ја расипа атмосферата во репрезентацијата.
Минатиот месец германската фудбалска репрезентација го смени селекторот по серијата лоши резултати кои кулминираа со пораз од Јапонија (1:4). На местото шеф на стручниот штаб пристигна Џулијан Нагелсман.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Поранешниот тренер на Баерн Минхен ќе дебитира овој месец. Со оглед на тоа што Германија не ги игра квалификациите за ЕВРО, на кое ќе биде домаќин следната година, ќе одигра уште два пријателски натпревари.
На 14 октомври за противник ќе ги има САД, а четири дена подоцна Германија ќе игра против Мексико.
Добро е познато и јасно дека клубовите не сакаат да пуштаат играчи во националниот тим, особено во екот на сезоната.
И онака лошата атмосфера околу репрезентацијата дополнително ја вжешти и расипа Леон Горецка. Тој не сака да оди преку Атлантскиот Океан за да одигра два пријателски натпревари.
„Мислам дека не е препорачливо да се патува така. Лично, мислам дека не е во ред вториот натпревар да се игра во 2 часот по полноќ по германско време. Навистина не можам да го разберам.
Секако дека можеме да бидеме критични, но на крајот на денот тука сме да играме и да прифатиме најдобро што можеме. Ќе го направиме тоа, немаме каде да одиме“, изјави Леон Горецка, цитиран од „Билд“.
Сега на Германија и е потребен мир во и околу репрезентацијата повеќе од кога било. Многумина јасно се согласуваат со Горецка, но на Германија во овој момент не и требаат такви изјави.
Репрезентацијата е во постојан пад откако ја освои титулата светски шампион во Бразил во 2014 година.
Без разлика, амбицијата е да стане европски првак во својата земја во 2024 година, а ќе видиме дали Џулијан Нагелсман ќе успее да направи пресврт во редовите на „Die Mannschaft“.