Баерн Минхен реши да го отпушти Јулијан Нагелсман по лошите резултати во Бундеслигата, но и проблемите во соблекувалната.
Нагелсман веднаш се поврзуваше со други екипи, но очигледно Германецот не мора да брза во наоѓање на нов тим зашто ќе добие еден куп пари од Баерн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Билд“ пишува дека Баерн за неговите услуги плати 15 милиони евра кога го зема од Лајпциг, а притоа целиот приход од пет милиони евра од пријателските средби меѓу двете екипи повторно заминаа во Лајпциг.
Баерн ќе требаше да му исплати и пет милиони евра на Лајпциг ако Нагелсман ја освоеше двојната круна во Германија или Лигата на шампиони.
Нагелсман во следниот период ќе добива по 700.000 евра месечно од Баерн додека не најде нов тим.