Дома Фудбал Лига на шампиони Нагелсман: Имам план како да го запрам Сити

Нагелсман: Имам план како да го запрам Сити

Тренерот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман изјави дека има идеја како да го запре Манчестер Сити во дуелот од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


31-годишниот Нагелсман, кој е најмлад тренер во историјата на ЛШ, добро го познава Пеп Гвардиола од времето кога каталонскиот стратег го предводеше Баерн Минхен.

„Ќе ни биде исклучително тешко да победиме таков клуб каков што е Манчестер Сити. Притоа, не сум сигурен дека е предност тоа што го познавам Гвардиола. Во секој случај ние ќе играме за победа која ќе ни биде од големо значење. Мислам дека имам план како да стигнеме да победата, иако сум сигурен дека Сити доаѓа тука по трите бода“, изјави Нагелсман.

Хофенхајм во првиот меч ремизираше со Шахтјор, додека Манчестер Сити доживеа изненадувачки пораз од Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Селекторот на Иран збесна поради третманот на Мундијалот: Џани, реагирај!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галеноеи, го обвини домаќинот на Св…