Дома Фудбал Германија Нагелсман за шокантниот пораз од 5:0: Викав толку гласно што соседите сигурно се прашуваа што се случува

Нагелсман за шокантниот пораз од 5:0: Викав толку гласно што соседите сигурно се прашуваа што се случува

„Играчите на Баерн се исто така луѓе и секако може да имаат лош ден“, изјави тренерот Јулијан Нагелсман обидувајќи се да го објасни шокантниот пораз од 5:0 од Борусија Менхегладбах во германскиот куп.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Баерн беше тоа најтешкиот пораз во купот и најтежок во сите натпреварувања во последните 43 години. Нагелсман овој натпревар го следеше од неговиот дом затоа што е во изолација поради ковид-19.

„Покажавме дека сме ранливи, но важно е да извлечеме поука од овој натпревар. Мораме да ги прифатиме критиките. Гласно викав кога го гледав натпреварот дома, соседите сигурно се прашуваа што се случува“, изјави Нагелсман.

Пред Баерн сега е нов натпревар, на гости каја Унион Берлин во рамките од Бундеслигата, а Нагеслман вети дека неговиот тим во овој меч ќе биде поинаков.

„Како шампиони треба повторно да се подигнеме и да се обидеме во сабота да покажеме реакција. Сите бевме помалку изненадени од она што се случи во средата. Се сложивме дека таков натпревар не смее да ни се повтори“, порача Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Легендарниот голман кој лани ја заврши кариерата паднал во депресија: Не знам што да правам со животот…

Легендарниот голман на Марсеј и светскиот шампион со Франција во 2018 година, Стив Манданд…