Дома Топ вести Нагелсман го потврди доаѓањето на наследникот на Левандовски

Нагелсман го потврди доаѓањето на наследникот на Левандовски

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман го потврди доаѓањето на новиот напаѓач, а станува збор за младиот француски талент, Матис Тел.

18-годишниот напаѓач на Рен важи за еден од најголемите таленти на европскиот фудбал, а Баерн Минхен го обезбеди неговиот потпис.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Баерн Минхен на Рен му плати 20 милиони евра отштета, а сумата може да се зголеми за дополнителни 8,5 милиони евра со лесно остварливи бонуси.

Младиот напаѓач утре треба да пристигне во Минхен на лекарски прегледи, да го комплетира трансферот и ќе стави потпис на 5-годишен договор.

„Тел е млади и талентиран, може да игра на повеќе позиции во нападот. Тој е многу брз, силен и има одлична техника. Мислам дека може да постигнува по 40 голови во сезона“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…