Дома Фудбал Нагелсман: Ги сакам Реал или Јувентус во осминафиналето

Нагелсман: Ги сакам Реал или Јувентус во осминафиналето

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман откри кои тимови ги сака за противници во ЛШ пред жребот во понеделник.

Најмладиот тренер во топ 5 лигите во Европа, и оваа сезона со Лајпциг обезбеди нокаут фаза во Лигата на шампиони, но не се плаши од фаворитите.

„Мило ми е што ме прашавте кој клуб би го сакал за противник. Секогаш ги слушам химните на наредниот ривал, а Реал Мадрид и Јувентус имаат неверојатно убави химни, па би сакал еден од овие клубови. Ќе видиме. Би можел да им ги пеам химните, но не на перфектен шпански или италијански“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…