Дома Фудбал Нагелесман: Ливерпул сега ќе се насочи кон Лигата на шампиони

Нагелесман: Ливерпул сега ќе се насочи кон Лигата на шампиони

Менаџерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман смета дека Ливерпул сега ќе ги насочи сите сили кон Лигата на шампиони.

Лајпциг утре на неутрален терен ќе го пречека Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Нагелсман воопшто не се залажува со лошата форма на „црвените“ и смета дека сега ќе се насочат кон ЛШ.

„Ливерпул го отпиша првенството и сега со сите сили ќе се насочи кон Лигата на шампиони. Во никој случај не смееме да мислиме дека се во криза и не треба да го потцениме“, изјави Нагелсман.

Натпреварот се игра утре во Будимпешта, поради рестрикциите во Германија поврзани со коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…