Дома Фудбал Останато Навивачите на Јувентус ги дочекаа своите „пет минути“: Ќе го прифатиме Погба само под еден услов

Навивачите на Јувентус ги дочекаа своите „пет минути“: Ќе го прифатиме Погба само под еден услов

Се поверојатно станува дека Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед и Севиља одиграа 0:0, а за овој натпревар во стартниот состав повторно го немаше Пол Погба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најплатениот фудбалер во историјата на „црвените ѓаволи“ остана на клупата и поради тоа островските медиуми сметаат дека тој ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Веќе се појавија информации дека Мино Раиола работи на неговиот иден трансфер. За ова повеќе прочитајте ТУКА.

Но, после не така добриот период во Манчестер Јунајтед скоро и да не пости клуб кој за него ќе плати барем онолку колку што Јунајтед му плати на Јувентус – 105 милиони евра.

Поради лошата на форма на Фрнцузинот фановите на Јувентус ги дочекаа своите „пет минути“ и тврдат дека би прифатиле Погба да се врати во Јуве, но само под еден услов.

„Ќе прифатиме да се врати, но под истите услови како и во 2012 година“, порачаа навивачите.

Да потсетиме, Погба во Јувентус во 2012 година беше доведен без оштета, па јасно дека сега овој нивни услов не може да биде исполнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер договори засилување од Франција

Интер постигнал договор со Ленс за доведување на играчот од средниот ред Анди Диуф за 20+5…