Хакан Чалханоглу го навлече гневот на навивачите на Милан со прославата на голот во неделното дерби кога испрати провокации до фановите на неговиот поранешениот клуб.
Турскиот фудбалер постигна гол од пенал во 10. минута и во таа ситуација покажа непочитување кон клубот каде што играше четири сезони. По голот отиде да прослави пред трибината на најжестоките навивачи на „росонерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Брзо стигна и одговорот од навивачите откако на еден мост во близина на неговиот дом се појави транспарент на кој пишуваше.
„Не е храброст да постигнеш гол од пенал во 10. минута, туку да останеш со жена ти иако знаеш дека те изневерила“.