Фудбалерите на Марсеј синоќа со победата од 2:1 против Атлетик Билбао го заверија пласманот во четвртфиналето во ЛЕ.
Меѓутоа, овој дуал го одбележаа навивачите на францускиот тим кои направија големи нареди пред, но и на стадионот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прво ги демолираа околните објекти на градските улици, но тука не застанаа. Додека влегувале во стадионот избодени биле два редара, а најтешко поминал еден 57. годишен кој бил убоден во делот на вратот.
Тоа не било се. На стадионот се фрлале бакли кон домашните навивачи, по што бил погоден еден навивач и трибините во еден момент биле прекриени со дим.
Поради овие нереди, клубот веројатно ќе биде жестоко казнет. Ова се втори големи нереди во Билбао, каде пред две недели хаос направија навивачите на московски Спартак.