Дома Македонски спорт МУ НЕМА РАМЕН: Ѓорѓиев доминира на Европското првенство!

МУ НЕМА РАМЕН: Ѓорѓиев доминира на Европското првенство!

Вчера македонските одбојкари ни донесоа уште една голема радост совладувајќи ја Словенија која важеше за апсолутен фаворит.

Фаворити беа само на хартија, на теренот македонските одбојкари изгледаа супериорно во поголемиот дел од натпреварот. Ги добивме првите два сета, следуваше еден загубен за во четвртиот да ја завршиме работата и да го победиме домаќинот на ова Европско првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот Ѓорѓиев блескаше и вчера, а и против Белорусија кога постигна 37 поени, тогаш беше избран за играч на денот во групата Ц.

Со Белорусија игравме во вечерен термин (20:30), додека вчера против Словенците од 17:30, па така за неполни 24 часа Ѓорѓиев собра 61 поен.

Оваа доминација на Ѓорѓиев според ЦЕВ е апсолутно заслужена, кога во два меча ќе постигнете 61 поен и не може да биде поинаку.

Ќе потсетиме, Македонија се уште не е во осминафиналето, за да бидеме таму потребно е денес Турција да ја победи Финска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …