Дома Фудбал Мурињо: Треба ли уште да се докажувам после 25 трофеи?

Мурињо: Треба ли уште да се докажувам после 25 трофеи?

Тотенхем вечерва на својот стадион во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе игра против Лајцпиг.

Спарсите се во добра серија на резултати, последен пат изгубија уште на 11. Јануари од Ливерпул, меѓутоа во овој натпревар ќе влезат со играчки проблеми. Откако претходно останаа без Хари Кејн, сега нема да им биде на располагање и Сон.

Мурињо на конференцијата за медиумите не ја криеше загриженоста, посебно бидејќи Тотенхем во овој момент нема класичен напаѓач. Освен разговорот за претстојниот натпревар Мурињо доби и малку „чудни“ прашањње.

Еден од новинарите го праша Мурињо „дали има нешто да докаже во овој двомеч“ бидејќи тренерот на Лајпциг Јулијан Нагелсман исто така се поврзуваше со клупата на Тотенхем кога Покетино доби отказ.

„Да се докажувам? После 20 години кариера и 25 освоени освоени трофеи, треба ли уште нешто да докажам?“, одговори Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…