Дома Трансфер зона Мурињо тргнува по најдобриот играч за врска во Серија А

Мурињо тргнува по најдобриот играч за врска во Серија А

Манчестер Јунајтед одлично ја отвори сезоната во Премиер лигата, но Мурињо сака додатно да го засили тимот, особено после повредата на Пол Погба.

Повредата на Погба се покажа како многу сериозна, па „Специјалниот“ сака да го засили тимот на таа позиција, а прва мета е ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Мурињо веќе долго време ги следи настапите на Наинголан и сака по секоја цена да го донесе на „Олд Трафорд“ бидејќи во него гледа долгорочна замена за Мајкл Керик.

„Жозе испрати скаути да следат гоелм број на фудбалери, но Наинголан е најважен од сите. Мурињо е негов голем фан и го сакаше уште додека работеше во Челзи“, изјави извор близок од Манчестер Јунајтед.

29-годишниот Белгиец неодамна го продолжи договорот со „волчицата“, па јасно е дека раководството на Рома нема да го пушти за сума помала од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…