Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е уверен дека ќе го доведе тимот до трофеи пред да го напушти клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лондончаните не освоиле пехар веќе 12 години, последен пат го направија тоа во 2008 година кога го освоија Лига купот.
„Колку му требаа на Јирген и Ливерпул? Четири години, четири сезони. Тоа вклучуваше купување на еден од најдобрите голмани на светот, купување на еден од најдобрите централни дефанзивци во светот и слично. Фокусиран сум на мојот тригодишен договор. Верувам дека можеме да освоиме трофеи во тој период. Ако не, и клубот го стори тоа после мене, ќе бидам среќен за тоа“, истакна Мурињо.
„Мојата амбиција е иста, мојата ДНК е иста, но јас веројатно сум во фаза каде што помалку гледам во себе и моите рекорди и повеќе го гледам клубот. Јас сум оптимист затоа што започнав да работам уште од првиот ден. Веруваме дека ќе направиме промени во составот и затоа не ни требаат големи инвестиции. Не можам да верувам дека имало толку многу негативни епизоди во текот на сезоната, рече Португалецот.