Манчестер Јунајтед е фаворит за потписот за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала тврди добро информираниот „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Мурињо ќе добие голем буџет за летни засилувања, а токму Дибала е прв на листата желби на „Специјалниот“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заминувањето на Златан Ибрахимовиќ остави „дупка“ во тимот на Јунајтед, па „црвените ѓаволи“ ова лето ќе бараат нов играч кој ќе ја има улогата на лидер на теренот, но и ќе донесе големи коменрцијални придобивки.
Силен индикатор за трансферот на Дибала на „Олд Трафорд“ се и обложувалниците, каде коефициентите изминататите денови паднаа од 13 на 8.
It would be some front line #mufc https://t.co/434Zgeebi9
— Man United News (@ManUtdMEN) April 12, 2018
24-годишниот Аргентинец оваа сезона има одиграно 35 меча на кои постигна 25 гола во дресот на Јувентус.
Јунајтед ќе има силна конкуренција за неговиот потпис, но весникот тврди дека „црвените ѓаволи“ веќе спремиле понуда од 120 милиони фунти.